По речиси една деценија помината во дресот на Ливерпул, Мохамед Салах си заминува од „Енфилд роуд“. Во последната сезона на Салах, Ливерпул не може да се пофали со голем успех, затоа што моментално е на петото место на табелата, последно кое води во Лига на шампиони.
Салах си заминува со одиграни 441 натпревар за Ливерпул во кои постигна 257 голови, а имаше и 122 асистенции, а се радуваше на сите најважни трофеи.
Ливерпул во последниот меч загуби со 4:2 од Астон вила во директен дуел на две екипи кои се борат за место во Лига на шампиони. По тој пораз, Салах се огласи велејќи дека на клубот мора да се врати „хеви метал напаѓачкиот фудбал“. Оваа порака се гледа како упатена критика за тренерот Арне Слот, кој сезонава не беше во добри односи со Салах. Ливерпул сезонава претрпе дури 12 порази.
Во пораката на социјалните мрежи, Салах порача што очекува од Ливерпул во иднина. „Гледав како овој клуб од оние во кои се сомнева, станува во еден од оние во кои се верува, станува шампион. Беше потребно да се вложи голем труд и секогаш сум го давал најдоброто од себе за да му помогнам на клубот. Тоа ме прави многу горд. Затоа ми беше многу тешко да гледам како се распаѓаме по уште еден пораз сезонава. Нашите навивачи не го заслужуваат тоа. Сакам да го видам Ливерпул повторно да го игра оно „хеви метал“ наппаѓачки фудбал, кога противниците му се плашат и повторно да биде тим кој ќе освојува трофеи. Тоа е идентитетот на клубот и треба да биде вратен, а потоа и да се задржи. Сакам клубот да биде успешен и многу години по моето заминување“, беше пораката на Салах.

