Баерн Минхен ќе ја пречека Барселона без публика а последен пат кога се случи тоа беше „погубно“ за Каталонците (ВИДЕО)

Ситуацијата со Ковид-19 вирусот во Германува од ден на ден станува сè полоша.

Поради тоа, властите во оваа земја одлучија за натпреварите од овој викенд да има лимитиран број на фанови, а на дербито меѓу Борусија Дортмунд и баерн Минхен да има само 15 илјади навивачи.

Сепак, во баварија ситуацијата е уште полоша, па тамошните власти забранија присуство на навивачи на сите спортски натпревари.

Така „Алијанц арената“ каде што играат екипчите на Баерн Минхен и Минхен 1860 ќе биде празна.

Баерн во среда ќе ја пречека Барселона пред празни трибини, интересно е што кога последен пат играа без навивачи, Баерн го „прегази“ каталонскиот тим со 8:2, тогаш на стадионот во „Луж“ во Лисабон.

Воедно, Роберт Левандовски и соиграчите ќе имаат уште поголем мотив и за повисока победа, бидејќи Златната топка ја освои Лео Меси токму со настапите во Барселона и Аргентина.

- Оглас -

Најнови вести