Баерн конечно најде замена за повредениот Нојер

Германскиот шампион Баерн Минхен конечно успеа да ангажира замена за повредениот голман Мануел Нојер и го донесе чуварот на мрежата на швајцарската репрезентација и на Борусија Менхенгладбах, Јан Зомер.

Преговорите траеја неколку недели, поточно откако Нојер заработи скршеница на ногата додека беше на одмор и кога стана јасно дека за него сезоната е завршена.

Баварците го означија Зомер како идеална замена, но управата на Борусија одбиваше да седне на преговарачка маса. Бидејќи Зомер е во последната година од договорот, Баерн не сакаше да го претплати голманот, додека Борусија бараше 15-тина милиони евра отштета сè до денеска.

Борусија денеска го купи Јонан Омлин од Монпелје, кој е втор голман во швајцарската репрезентација и се согласи да го пушти Зомер во Баерн за осум милиони евра отштета, плус еден милион во бонуси.

Се очекува Зомер вечерва да ги помине лекарските прегледи, по што ќе биде претставен како нов голман на Баерн Минхен. Тој ќе потпише договор со Баер до 2025 година.

- Оглас -

Најнови вести