Управата на Баерн Минхен одлучи да ги прекине обидите да го убеди капитенот Џошуа Кимих да остане на „Алијанц арената“ и веќе и понуди на Барселона спектакуларна размена.
Актуелниот договор на Кимих со Баерн истекува идното лето, а капитенот одбива да преговара за продолжување на соработката, па поради тоа управата мора да го продаде ова лето за да не го загуби бесплатно подоцна.
Според каталонскиот весник „Спорт“, челниците на Баерн тропнале на врата на Барселона со интересен предлог, Кимих и одредена сума на пари во замена за Роналд Араухо или Френки де Јонг.
Наводно, Чави Ернандес е заинтересиран да го види Кимих на „Камп Ноу“ и нема да има ништо против да се откаже или од Араухо кој е најголем виновник за елиминацијата на Барселона од ЛШ со заработениот црвен картот во реванш четвртфиналниот дуел или пак од Де Јонг кој со евентуалното доаѓање на Бенардо Силва би бил вишок во средниот ред.