Синоќа се одиграа вкупно четири меча од полуфиналните дуели во Лигата на Европа и Конференциската лига, по што беа познати финалистите во второто и третото по ранг клупско натпреварување на УЕФА. Токму овие четири средби беа голем предизвик да се погодат на тикет, а еден обложувач од Ресен направи перфектен избор.
Од четирите средби, обложувачот успеа да направи добитен тикет со вкупно когодена квота од 426,44 и со вложени 300 денари, добивката е 108.787 денари.
Астон вила на полувреме водеше со 1:0 против Нотингам, а на крајот победи со убедливи 4:0 за погодена комбинација 1-1&3+. Барем два гола во првото полувреме беа потребни на мечевите меѓу Фрајбург и Брага и на дуелот меѓу Кристал палас и Шахтар. На дуелот во Германија, Фрајбург водеше со 2:0, што беше доволно да се погоди квотата од 4.60.
На мечот кој се играше во Лондон меѓу Кристал палас и Шахтар на полувреме беше 1:1 и тоа беше доволно да се погоди квотата од 4.20.
Последен во низата на погодени дуели беше средбата во Франција меѓу Стразбур и Рајо Валјекано. Тука требаше победа на гостите и да има барем еден погодок во првото полувреме. Рајо даде гол во 42-рата минута и поведе со 1:0 на гости, а тоа на крајот се покажа како доволно за триумф на мадриѓаните и вкупно погоден тикет за одлична добивка.


