Баерн Минхен ја растури Ѕвезда, а по мечот гостинските играчи имаа тренинг

Баерн Минхен очекувано ја победи Црвена ѕвезда во Белград, и тоа убедливо со 6:0, но неочекувано е тоа што го направија гостите по завршување на мечот. Сите резервни играчи, но и дел од оние коие беа стартери на мечот заминаа на помошното игралиште на Црвена ѕвезда и одработија еден кондициски тренинг.

Меѓу оние кои го одработи тренингот беше и стрелецот на последниот шести гол за Баерн, Толисо. Иако беше стартер и одигра 90 минути, а плус даде и еден гол, Толисо по завршување на дуелот го одработи и тренингот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести