Ќе има мајсторка за женски првак на Македонија во одбојка

Одбојкарскиот шампион на Македонија во женска конкуренција ќе се одлучува во „мајсторка“ откако денеска во четвртиот натпревар од финалето на плејофот, Работнички со 3-0 (по сетови 25-15, 27-25, 27-25) го совлада Наковски Волеј пред својата публика во СЦ „Борис Трајковски“ и изедначи на 2-2 во победи.

До прва максимална победа над Наковски Волеј сезонава Работнички Скопје го предводеа Тамара Стојанова и Антонија Баталаковска со по 12 поени како и Андротеа Милевска со 11 поени. Кај Наковски Волеј, Сара Марковиќ запиша девет поени, Ивана Милева имаше осум, додека Мила Долдурова и Ива Стојковска имаа по шест.

Решавачкиот петти меч ќе се игра в понеделник, во 18 часот, во Струмица.

 

- Оглас -

Најнови вести