Хрватскиот 20-годишен тенисер Дино Прижмиќ, ја извојува најголемата победа во кариерата, откако во второто коло на Мастерсот во Рим го совлада Новак Ѓоковиќ со 2-6, 6-2, 6-4.
За Србинот ова беше прв меч по пауза од два месеци и се виде дека имаше проблем, а тука беа и проблемите со рамото и дишењето. Новак пред цели 19 години дебитираше во Рим, а сега првпат испадна уште во својот прв настап.

Ѓоковиќ го победи Прижмиќ со 3-1 во сетови на Австралија опен, но денеска беше подобар само во првиот сет, додека после имаше пад и младиот Хрват го искористи тоа за да слави против својот идол.

