Последна шанса за Филаделфија, Волците дома на клучен тест

Филаделфија вечерва мора да го победи Њујорк и да намали на 1-2 во ова источно полуфунале, во спротивно, ако Никси слават, ќе имаат недостижни 3-0 и ќе бидат на мал чекор од конференциско финале.

На Сиксерс кои се под притисок, работата ќе им биде тешка, особено ако ни вечерва не игра Џоел Ембид чие присуство уште е е неизвесно. Кај Никс неизвесен е настапот на Ануноби кој игра одлично. На вториот меч имаше 25 промени на водство, и тоа може да биде најава за нов интересен дуел.

Квотите во Sport Life велат дека благ фаворит е Филаделфија, а предност му се дава и на Сан Антонио на гостувањето кај Минесота, серија во која резултатот е 1-1. Шумските волци победија на првиот меч на гости, но потоа Спарс брутално се одмаздија со победа од 38 поени разлика. Сега во Минеаполис треба да се види кој подобро ќе се прилагоди на условите и кој ќе поведе 2-1, што дава психолошка предност пред продолжение на серијата.

- Оглас -

Најнови вести