Прижмиќ го победи Ѓоковиќ, па воодушеви со пораката до својот идол (Фото)

Дино Прижмиќ стана прв Хрват кој го победил Новак Ѓоковиќ на земјена подлога, а младиот 20-годишник роден во Сплит, не крие дека Србинот му е идол од детството.

Откако со пресврт го победи Новак во второто коло на Мастерсот во Рим, Прижмиќ на камерата напиша: „Новак, беше задоволство!“

Дино е 79-ти на АТП листата, а ова му е најголема победа во кариерата. Пред две недели го победи Бен Шелтон и тоа му беше прв триумф над топ 10 тенисер.

Прижмиќ покажа исклучителна ментална сила и квалитет откако го загуби првиот сет и го надигра најуспешниот тенисер на сите времиња.

„Тешко е да се каже нешто, многу го почитувам Новак кој е мој идол. Играв феноменално, сакам да се фокусирам и да бидам подготвен за следниот натпревар. Во првиот сет, тој беше неверојатен, а потоа реков дека морам нешто да сменам. На крајот од вториот сет, се обидов да ја пронајдам мојата игра“, рече Прижмиќ.

- Оглас -

Најнови вести