Баерн Минхен се вклучи во трката по ѕвездата на Њукасл

Агентот на фудбалерот на Њукасл, Ентони Гордон, минатата недела престојувал во Минхен. Таму водел разговори со раководството на Баерн за евентуален трансфер на својот клиент, пренесува Билд.

На средбата биле разгледани конкретни суми и личните услови на англискиот фудбалер.

Во моментов, Њукасл бара околу 86 милиони евра за својот играч. Од Баерн не се подготвени да ја платат таа сума, но најпрво сакаат да постигнат договор со Гордон, па потоа да влезат во официјални преговори со англискиот клуб.

Интерес за Ентони Гордон покажуваат и Ливерпул, Манчестер Јунајтед и Арсенал. Самиот играч е подготвен за следен чекор во кариерата.

Доколку Баерн не успее да го реализира трансферот, клубот веќе разгледува и други алтернативи.

 

- Оглас -

Најнови вести