Баерн можеби нема да направи ниту еден трансфер летово

Германскиот првак Баерн Минхен можеби нема да купува фудбалери во летниот трансфер-период. Ова го најави извршниот директор на клубот, Оливер Кан. Причина за ваквите размислувања е ситуацијата со пандемијата на корона-вирусот и економската ситуација во светот.

„Мислам дека многу европски клубови се најдоа во незавидна положба со ситуацијава со пандемијата. Во моментов треба да се надминат многу работи на кои не сме навикнати. Скептичен сум, не знам како и дали ќе почне да функционира трансфер-пазарот. Опција за нас е и да не купуваме нови играчи, не е исклучено и тоа”, рече Кан.

- Оглас -

Најнови вести