Баерн не промашува двапати по ред

Баерн Минхен – Хановер (Сабота, 15.30 часот)

Шампионот нема да си дозволи нов кикс против една од најслабите екипи во Бундеслигата. Очекувам Баерн да тргне во офанзива од самиот почеток на мечот и да има предност веќе на полувремето.

Баварците имаат неверојатна серија од 13 победи против Хановер, 12 од нив во Бундеслигата, а и сега се во позиција да ги освојат бодовите, бидејќи имаат многу подобар тим.

Хановер има теоретски шанси да го престигне Штутгарт за позицијата која носи бараж, но тоа би било чудо, а за такво нешто им треба да направат невозможна мисија и да победат во Минхен. Тоа е во доменот на теоријата, па типувам дека Баерн ќе победи и ќе остане лидер во Бундеслигата.

Предлог тип: 1-1&3+ (1.30)

 

Херта – Штутгарт (Сабота, 15.30)

Херта неочекувано влезе во црна серија од 7 меча без победа во првенството, што им се одрази и на пласманот на табелата. Беа кандидати за настап во Европа Лигата, но финишот им е исклучително лош и шансата за евронастап пропадна.

Покажаа мало подобрување на формата и го изненадија Ајнтрахт во минатото коло, со реми без голови, па сега очекувам пред својата публика да го победат Штутгарт. Екипа која разочара сезонава и веројатно преку бараж ќе бара спас и опстанок во Бундеслигата.

Штутгарт има и лош тренд кога гостува во Берлин, не победил во главниот град на Германија од 2013 година и не верувам дека и сега ќе успее да слави.

Предлог тип: 1&3+ (3.30)

 

Борусија Менхенгладбах – Хофенхајм (Сабота, 15.30 часот)

Ова е меч што може да ја скрои табелата во Бундеслигата во корист на една од двете екипи кои се борат за настап во Лигата на шампионите. Пораз ќе значи збогум на амбициите за учество во луксузното европско натпреварување, па очекувам меч без калкулации и напаѓачки фудбал на „Борусија Парк“.

И двете екипи беа поразени во минатото коло, па ова им доаѓа како поправен испит на кој не смее да се падне. Според традицијата и стилот на игра што го негуваат и Борусија и Хофенхајм  очекувам ефикасен меч и голови на двете страни.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.44)

 

Волфсбург – Нирнберг (Сабота, 15.30 часот)

Волфсбург е во игра за пласман во Европа Лигата, а голем поттик кон целта им е победата против Хофенхајм на гости во претходното коло. Имаат подобар тим од претпоследниот Нирнберг и типувам дека ќе победат.

На гостите им требаат бодови за спас, но сезонава не најдоа рецепт за триумф на гости против ниту една екипа во Бундеслигата. Според квалитетот Волфсбург е голем фаворит и очекувам да има предност и на полувремето и дека ќе ги освои бодовите.

Предлог тип: 1-1&3+ (3.45)

 

Вердер – Борусија Дортмунд (Сабота, 18.30 часот)

Вердер нанижа три порази на последните три меча, откако немаше ниту еден неуспех во 2019 година. Денеска им доаѓа на гости екипата која се уште има шанси за титулата, што е нов голем предизвик за двете екипи.

Вердер се уште има шанси за излез во Европа, но ќе типувам на победа на гостите. За нив влогот е голем, не смеат ниту да помислат да ремизираат, или да загубат во Бремен, бидејќи во таков случај пропаѓаат шансите за шампионската круна во Бундеслигата.

Во меѓусебните дуели Борусија има повеќе успех, а на последните 10 меча се играше ефикасно со многу голови.

Сезонава во Бундеслигата се игра многу офанзивно, атрактивно, па очекувам во нов ефикасен дуел гостите да победат.

Предлог тип: 2&3+ (2.95)

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести