Рајо Валјекано минимално со 1:0 победи на гостувањето кај Стразбур во реваншот од полуфиналето на Конференциската лига на УЕФА и тоа беше доволно да се избори за место во финалето. Победата на Рајо во Франција не само што беше доволна за мадридскиот тим да се бори за трофејот во третото по ранг натпреварување, туку донесе и дополнително место на шпанските екипи во Лига на шампиони за следната сезона.
Со победата на Рајо, Шпанија доби доволен број на бодови за да го задржи второто место на УЕФА клупското рангирање зад Англија. УЕФА секоја сезона ги наградува двете најуспешни земји со по уште едно место во Лига на шампиони, па така, освен Англија, следната сезона во Лига на шампиони пет места ќе има и Шпанија.
Шпанските екипи ја добија битката со клубовите од Германија, која остана на третото место во ова рангирање. Англија има 28.125 поени и е убедливо најдобра на ова рангирање, пред Шпанија со 22.094 поени и Гераманија со 21.786 поени. Потоа следуваат Португалија, Италија, Франција, Полска, Грција, Данска…
Англија во сите три финалиња ќе има свој преставник, додека по еден преставник во финалињата имаат и Франција, Шпанија и Германија.
🚨 🇪🇸 BREAKING: SPAIN HAVE MATHEMATICALLY SECURED AN EXTRA CHAMPIONS LEAGUE SPOT!
✅ 🇪🇸 TOP 5 CLUBS FROM LA LIGA WILL ENTER INTO THE 2026/27 CHAMPIONS LEAGUE! pic.twitter.com/oJUiWUhDuy
— Football Rankings (@FootRankings) May 7, 2026

