Баерн не знаеше дали да плаче или да се смее

Баерн Минхен со киксот на гостувањето кај претпоследниот Нирнберг, и конечните 1-1, не успеа да се одвои на чело на табелата, и сега има само два бода плус во однос на Борусија Дортмунд. На Нирнберг победата му требаше за да му се доближи на Штутгарт во битката за место кое води во баражот за опстанок.

Според она што се случуваше во финишот, двата тима треба да жалат што не победија. Во 91 минута, беше досуден пенал за Нирнберг, но Лајболт ја погоди стативата, фрлајќи ги во очај фановите на стадионот, но и поддржувачите на тимот од Дортмунд кои чекаа грешка на ривалот за титулата. Нирнберг шест и пол години немаше дадено гол против Баерн, но сега беше блиску до можност да даде два и да приреди сензација.

Три минути подоцна, во 94 минута, домашните тргнаа со сите сили во напад, заборавајќи на одбраната, па Баерн направи контра, Коман излезе сам пред голманот на Нирнберг, и не успеа да го совлада.

Погодокот за Баерн беше дело на резервистот Серж Гнабри, кој трета сезона по ред, со три различни тимови дава двоцифрен број на голови. Откако даваше повеќе од 10 гола за Вердер и Хофенхајм, сега истото му успеа и во дресот на Баерн. Баерн во последните 19 кола има освоено 50 бода.

 

- Оглас -

Најнови вести