Баерн нема намера да престане да ги купува ѕвездите на Дортмунд

Младиот Англичанец Џејдон Санчо, како еден од најдобрите фудбалери во Бундеслигата, им привлекува внимание на многу клубови кои би сакале да го имаат во своите редови, а сега во трката се вклучил и Баерн Минхен.

Баварците се познати по тоа што често го ослабуваат конкурентот Борусија Дортмунд со тоа што ги купуваат најдобрите играчи од тој клуб. Левандовски, Хумелс и Геце се само дел од играчите кои во последните години се прославија во Борусија, а заминаа во Баерн.

И Челзи и двата премиерлигаши од Манчестер се интересираат за Санчо, но во Борусија најмногу треба да се плашат дека Санчо може да премине во редовите на ривалот.

Германскиот првак бара нови крила и нема да жалат пари за да донесат квалитетен играч. На Санчо е да одлучи дали ќе ја „предаде“ Борусија и ќе оди во Баерн или ќе се врати во Англија за да остави трага и дома. Договорот со Борусија му трае до летото 2022 година.

- Оглас -

Најнови вести