Баерн немаше „фортуна“, ќе почека за нова титула

Баерн одигра само 0-0 на тешкото гостување против Лајпциг, па овој резултат во комбинација со победата на Борусија Дортмунд од 3-2 против Фортуна, значи дека на едно коло до крајот на Бундеслигата, лидерот Баерн има достижни два бода предност. Во последното коло на 18 мај, Баерн игра дома со Ајнтрахт, додека Борусија Дортмунд гостува кај имењакот од Менхенгладбах.

Од 47-ма до 59-та минута, се одвиваше вистинска драма во Германија, бидејќи Фортуна изедначи во Дортмунд, и тоа беше резултат кој значеше титула за баварците. Две минути подоцна, по прегледување на ВАР, му беше поништен гол за титула на Баерн. Во 53 минута, Борусија поведе, а во 59 минута, Фортуна утна пенал.

Сето ова значеше дека Баерн мора да победи ако сака титула уште денеска, но тоа не се случи. Баерн не победи, а Фортуна сериозно иако се закани во финишот во Дортмунд, сепак загуби, и не успеа на Баерн да му донесе титула.

- Оглас -

Најнови вести