Баерн подготвува одмазда за Реал, Ѓулер е на пат кон Минхен?!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, сака да пазарува во Баерн Минхен, но сега „баварскиот“ гигант подготвува одмазда. Тони Крос и Давид Алаба се преселија од Минхен во Мадрид, а тоа ќе го направи и Алфонсо Дејвис налето.

Но, во обратен правец веројатно ќе тргне младиот турчин, Арда Ѓулер, за чиј потпис има голем интерес од Баерн Минхен, кој во него гледа одличен партнер за Џамал Мусиала во средниот ред.

Реал Мадрид го купи турчинот минатото лето за 20 милиони евра од Фенербахче, па „кралевите“ се надеваат дека со добри настапи на Европското првенство, ќе можат да го продадат Ѓулер за 40 милиони евра, односно двојно повеќе од тоа што го купија и да заработата на неговиот трансфер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести