Баерн продолжува да пазари од Премиер лигата, го купува најдобриот десен бек во светот

Баварскиот гигант, Баерн Минхен, е пред нов сензационален трансфер и тоа повторно од англиската Премиер лига. Откако ангажманот на Хари Кејн се покажа како вистински потег, „баварците“ погледите повторно ги насочуваат кон најквалитетната лига во Европа.

Овојпат на радарот е десниот бек на Њукасл, Киран Трипие, кој важи за еден од најдобрите на својата позиција во светот. Неговата вредност е 11 милиони евра, а „страчките“ иако се задоволни од неговите игри, сепак би го продале поради проблемите со финансискиот фер-плеј.

Трипие во својата кариера освен за Њукасл, играше и за Барнсли, Барнли, Тотенхем и Атлетико Мадрид, а актуелниот договор со премиерлигашот му истекува во летото 2025-тата година.

- Оглас -

Најнови вести