Баерн сака реванш и титула, Херта нема шанси во Минхен

Германското првенство влегува во завршната фаза, се бие битка за титула, но и за опстанок и позиции што водат во Европа, а Александар Васоски стандардно подготви нова Бундеслигашка петка за 23. коло.

Еве ја анализата и петте предлог типови на поранешниот фудбалер на Ајнтрахт Франкфурт:

 

Баерн Минхен – Херта (Сабота, 15.30 часот)

Баерн влезе во ритам во делот од сезоната кој е најважен и сериозно ја загрозува предноста на Борусија Дортмунд во битката за нова титула во Германија, а очекувам и денеска да ги освои бодовите.

Домаќините ќе тргнат во офанзива од почеток, играат се подобро, а Херта не игра сјајно на гости, иако има две победи по ред и ја урна блескавата серија на Борусија Менхенгладбах од 9 победи по ред.

Баерн ќе сака да се реваншира и за поразот во Берлин во првиот дел од сезоната. Немаат триумф против Херта од 2016 година, односно на последните пет меѓусебни натпревари, што е причина повеќе да се „запне“ од самиот старт на дуелот.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.05)

 

Борусија Менхенгладбах – Волфсбург (Сабота, 15.30 часот)

Херта прекина една неверојатна домашна одисеа на Борусија од 9 победи по ред, но верувам дека денеска на „Борусија Парк“ ќе почне нова триумфална низа на тимот од Менхенгладбах.

Волфсбург е опасен гостин, освои одлични 20 бодови „на страна“ и ќе биде незгоден ривал и денеска, но Борусија има супер шанса да игра во Лигата на шампионите следната сезона и нема да ја пропушти.

Предлог тип: 1-1&3+ (4.40)

 

Мајнц – Шалке 04 (Сабота, 15.30 часот)

Ова ќе биде интересен дуел на две екипи што не можат да победат во последно време. Мајнц е на безбедната 11. позиција со 27 бодови, но ги загуби последните три меча по ред. Имаат лоша гол-разлика од минус 13, но освоија доста бодови и верувам дека денеска против Шалке 04 ќе играат офанзивно.

Тимот од Гелзенкирхен е големото разочарување во Бундеслигата сезонава и има само шест бодови повеќе од екипите што се најзагрозени за опстанок. Одиграа добар меч во Лигата на шампионите против Манчестер сити, беа и на прагот на победа, а и денеска ќе мора да атакуваат на бодови за сигурен спас и опстанок. Очекувам голови, а за похрабрите и 4+.

Предлог тип: 3+ (1.90)

 

Фрајбург – Аугсбург (Сабота, 15.30 часот)

Аугсбург прима доста голови сезонава, особено како гостин и е третата екипа во Бундеслигата со најмногу примени погодоци надвор од својот стадион.

Фрајбург на неговиот „Шварцвалд“ стадион е тврд орев за сите противници и тоа подолг период и има шанса со победа денеска да побегне за 10 бода од екипите што се во зоната за испаѓање.

Очекувам домаќините да постигнат најмалку два гола во мрежата на Грегор Кобел.

Предлог тип: Т1 2+ (2.30)

 

Фортуна Диселдорф – Нирнберг (Сабота, 18.30 часот) 

Фортуна искрено ме изненади сезонава. Мојот поранешен тренер во Ајнтрахт, Фридхелм Функел прави неверојатно добри работи со тим што има скромен буџет во однос на останатите Бундеслигаши и го доведе составот од Диселдорф на прагот на опстанок.

Ја победија Борусија Дортмунд и ремизираа со Баерн, што е показател дека играат без комплекс сезонава. Заслужено со добри игри се пробија од дното на табелата на 12. позиција со добра залиха на бодови што речиси сигурно ќе им обезбеди настап во елитата и следната година.

Нирнберг игра лошо, последен е со само 13 бодови и очекувам тоа да го искористи домаќинот и да победи.

Предлог тип: 1 (1.83)

 

- Оглас -

Најнови вести