Баерн се чуваше за Барса и ремизираше со Штутгарт – Германците во второто полувреме постигнаа 14 голови

Натпреварите од 15:30 часот од германската Бундеслига како и по обичај донесоа големи возбудувања и голови, а исклучок не беа ни денешните средби во рамките на 6-то коло.

По првото полувреме имаше само три погодоци, додека на крај бевме сведоци на 17 погодоци

Баерн Минхен излезе со измешан состав против Штутгарт и тоа го чинеше бидејќи одигра само 2:2. Причината е јасна зошто Баварците го сторија тоа, а таа е средбата со Барселона од Лигата на шампионите.

Тинејџерот Матјус Тел погоди за водство на домаќините во 36-та минута, а гостите дојдоа до израмнување во 57-та минута преку Крис Фурих, а нова радост на „Алијанц арена“ донесе Џамал Мусаила само три минути подоцна.

Конечните 2:2 ги постави Серу Гуираси во 92-та минута.

РБ Лајпциг и одржа фудбалска „лекција“ на Борусија Дортмунд победувајќи ја со 3:0.

БУНДЕСЛИГА

РБ Лајпциг – Борусија Дортмунд 3:0

Хофенхајм – Мајнц 4:1

Херта – Баер Леверкузен 2:2

Ајнтрахт Франкфурт – Волфсбург 0:1

Баерн Минхен – Штутгарт 2:2

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести