Баерн со еден трансфер руши два неверојатни рекорди во Бундес лигата

Лерој Сане за многу брзо време ќе го комплетира трансферот од Манчестер сити во Баерн Минехн, тврди Франс Фудбал. Со тој трансфер, германскиот репрезентативец ќе сруши два големи рекорди. Прво, тој ќе биде играчот со најскап трансфер во историјата на Бундес лигата. Баерн ќе плати 110 милиони евра за доведување на офанзивецот на Манчестер сити.

Освен што ќе биде фудбалерот со најскап трансфер, тој ќе биде и играчот со најголема плата во историјата на германскиот фудбал. Се очекува Сане годишно да заработува по 18 милиони евра, што ќе биде за два милиони повеќе од тоа што сега го добива Роберт Левандовски во најтрофејниот германски клуб.

Сане во Баерн ќе го носи дресот со бројот 10, кој во претходните 10-тина години беше заштитен знак за легендата на клубот Арјан Робен. На Холанѓанецот му заврши договорот со Баерн и замина во пензија, а сега на позицијата лево крило треба главен да биде Сане.

 

- Оглас -

Најнови вести