Баерн во чест на Октоберфест утре ќе игра во зелени дресови (Фото)

Баерн Минхен го претстави специјалниот дрес посветен на пивскиот фестивал Октоберфест, кој поради пандемијата, годинава нема да се одржи.

Октоберфест е дел од баварскиот начин на живот, длабоко е вкоренет во срцата на локалните жители во Минхен, па Баерн доби дрес во кој клубот се поврзува со градот и традицијата.

Дресот е со темнозелена боја, а околу логото на клубот го има препознатливиот венец на Октоберфест. Баерн само еднаш ќе игра во овој зелен дрес, и тоа утре, на дуелот со Бохум на „Алијанц арената“.

- Оглас -

Најнови вести