Баерн знае само за победи против Вердер

Фудбалот во Бундеслигата продолжува со мечевите од 13. коло, а продолжува и соработката на Спорт Манија со тренерот на Вардар, Александар Васоски.

Поранешниот играч на Ајнтрахт Франкфурт со нов сет од пет натпревари од германското првенство ќе се обиде со добра анализа и предлог типови да стаса до полн погодок.

 

Вердер – Баерн (Сабота, 15.30 часот)

По убедливата победа на германскиот шампион против Бенфика се враќа позитивната атмосфера кај Баерн. Верувам дека ќе успеат да продолжат да победуваат и дека сите фрустрации од лошите претходни настапи во Бундеслигата ќе ги „истурат“ на терен против Вердер.

Баерн има неверојатна низа до 14 победи по ред против Вердер во сите конкуренции, што е една од најдолгите победнички серии во германскиот фудбал и очекувам денеска да стаса и до петнаесетката.

Предлог тип: 2-2 (2.00)

 

 

Борусија Дортмунд – Фрајбург (Сабота, 15.30 часот)

Стандардно за Борусија е да се типува победа за нив во меч со многу голови. Машинеријата од Дортмунд од почетокот на сезоната игра најубав фудбал во Германија. Иако подзастанаа против Бриж во Лигата на шампионите од нив очекувам да продолжат победнички во меч со многу голови.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.38)

 

 

Хановер – Херта (Сабота, 15.30 часот)

Хановер важи за екипа што игра цврст фудбал, иако во последните три меча ги демантираше фудбалските познавачи со ефикасни мечеви.

Херта е вистински ривал за еден цврст и неизвесен меч и типувам меч со малку голови, особено и поради фактот дека двете екипи тешко победуваат во последно време.

Предлог тип: 0-2 (2.18)

 

Хофенхајм – Шалке 04 (Сабота, 18.30 часот)

Хофенхајм игра ултраефикасно и лесно дава, но и прима доста голови. Кај нив офанзивата е рецепт за успех и засега добро им оди во германското првенство. Тие се четвртата најефикасна екипа во Бундеслигата и нема причина и денеска да не одиграа напаѓачки фудбал.

Шалке 04 игра многу променливо, се наоѓаат во резултатска криза, но мора да почнат да даваат голови и да бележат подобри резултати.

Предлог тип: 3+ (1.55)

 

Ајнтрахт – Волфсбург (Недела, 18 часот)

Мојот поранешен тим прикажува прекрасни фудбалски претстави, се наоѓа во страшен налет и лесно го прегази и Марсеј во Европа Лигата со 4:0. Ајнтрахт има млади и многу квалитетни офанзивци во името на Јовиќ, Ребиќ, Гачиновиќ… игра лесно и ги гази ривалите и очекувам и против Волфсбург да продолжат во исто темпо.

Типувам дека домашната екипа ќе постигне минимум два гола во мрежата на Волфсбург.

Предлог тип: Т12+ (1.85)

 

- Оглас -

Најнови вести