Првакот е во двоен нокдаун – Бајка на Кристал Палас со Андерсен и заспаниот Стоунс, покер на Фирмино и петарда на Ливерпул за едно полувреме (Видео)

Кристал Палас прави сензација и води со 2:0 против Манчестер сити на гостински терен по првото полувреме, а вистински јунак по 45 минути игра во оваа рунда е Роберто Фирмино од Ливерпул.

Репрезентативецот на Англија, Џон Стоунс двапати заспа и првакот двапати беше во нокдаун, а изненадувањето беше најавено со автоголот на стоперот на Манчестер сити во четвртата минута.

Грешката и автоголот на Стоунс можете да ги погледнете ОВДЕ.

Подвигот на Кристал Палас е уште позначаен ако се знае дека гостите играат без најдобриот играч, Вилфрид Заха.

Вториот гол за тимот од Лондон беше дело на Јоаким Андерсен во 21. минута, а пак заспа Стоунс.

Тој погодок за 0:2 на „Етихад“ во Манчестер можете да го погледнете ОВДЕ.

Фирмино игра брилијантен меч на „Енфилд Роуд“ и нанижа покер, односно три асистенции и постигна еден гол против Борнмут, а Ливерпул по првиот дел води со 5:0 против новиот премиерлигаш.

Фирмино им асистираше на Дијас, Елиот и Александер-Арнолд, а потоа и самиот погоди како последен во првото полувреше што Ливерпул го доби со 5:0.

За последниот гол најзаслужни се асистентот Рибертсон и стрелецот Ван Дајк.

Особено атрактивен беше голот на Трент Александер-Арнолд за 3:0 и тој погодок можете да го погледнете ОВДЕ.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести