Бакси се спасија без Јанис, Мидлтон не дозволи метла (видео)

Крис Мидлтон ги одржа надежите на Милвоки во серијaта против Мајами, Бакси со минимални 118:115 намалија на 3-1 добивајќи ја драматичната пресметка која се одлучи по едно продолжение. Најефикасниот тим во НБА-лигата за оваа сезона се спаси од „метла“ и им го нанесе првиот пораз на Жешките во овие разигрувања.

Двете екипи повторно приредија спектакуларен дуел во кој Милвоки речиси половина мораше да игра без Јанис Адетокумбо. Актуелниот МВП во лигата ја обнови повредата на глуждот од десната нога пред полувремето, по што не можеше да се врати и по интервенција на лекарите.

Во негово отсуство блесна Мидлтон со 36 поени, воедно ја погоди клучната тројка за победа на 6 секунди до крајот.

На стартот од средбата Мајами најави дека цели да остане непоразен во разигрувањата и што побрзо да осигури пласман во конференциското финале, но само во првата четвртина имаа двоцифрена предност од 27-15.

Иако повредата на Јанис се чинеше како огромен хендикеп, без него екипата на Бакс заигра многу подобро и ја презеде иницијативата пред паузата. Ниту една екипа не допушти поголема резултатска разлика од шест поени, по што неизвесноста траеше сè до последната секунда од регуларните 48 минути.

Малку недостасуваше за младиот Хиро да биде херој за Мајами во оваа средба, откако погоди тројка за пола кош предност на 21 секунда до крајот. Продолженија изнуди Дивиченцо со едно погодено слободно фрлање на 1,9 секунди, кои Милвоки потоа ги доби со 11-8 и клучниот погодок на Мидлтон од дистанца.

- Оглас -

Најнови вести