Балкански тениски маратон во Париз, се радуваше и баскет легендата Предраг Даниловиќ

Олга Даниловиќ ќе игра на Ролан Гарос, откако во финалниот меч во квалификациите во драматичен меч ја победи Бугарката Викторија Томова.

Ќерката на познатиот српски кошаркар Предраг Даниловиќ успеа по цели два часа игра да го добие балканското дерби во Париз со 2:1 во сетови.

Првите два сета завршија брзо, а Даниловиќ го доби првиот со 6:2, а потоа возврати Томова со 6:2.

Ништо не навестуваше драма и во решавачкиот сет, кога 21-годишната српска тенисерка поведе со 3:0 и се чинеше дека лесно и победнички ќе ги заврши квалификациите за настап на Ролан Гарос.

Но, тогаш се разигра Томова и со четири гема по ред поведе со 4:3 и имаше и еден брејк предност.

Ќерката на Даниловиќ возврати со рибрејк и до крајот двете тенисерки умешно го чуваа својот сервис, па на 6:6 се играше популарниот продолжен тај-брејк до 10 поени.

Тука убедлива беше Олга и успеа да ја декласира бугарската тенисерка со 10:3 и да се избори за настап во првото коло на Ролан Гарос.

 

- Оглас -

Најнови вести