Балотели: Јас сум најдобар италијански напаѓач, ги видовме Скамака и Распадори против Украина

Некогашниот голем талент на италијанскиот фудбал, Марио Балотели, верува дека има квалитет за да се најде во составот на Аѕурите на Европското првенство следната година во Германија.

Балотели има 33 години, а веќе пет години не играл за националниот тим. На големите натпреварувања се нема појавено уште од Светското првенство во 2014 година.

„Ако сум здрав, си се сметам себеси за најдобар напаѓач што го има Италија. Распадори и Скамака играат против Украина? Колкупати шутнаа на гол, двајцата заедно двапати? Се надевам на повик. Се имам видено со Спалети неколку пати, се шегувавме кога се видовме во Неапол“, изјави Балотели, кој е член на Адана Демирспор и сезонава има три гола на пет меча во турската лига.

- Оглас -

Најнови вести