Балотели ќе заработи три милиони евра за пола година во Марсеј

Марио Балотели ќе ја продолжи кариерата во Марсеј откако напаѓачот на Ница постигна договор со францускиот клуб, кој ќе важи до крајот на оваа сезона. Италијанецот за шест месеци ќе добие три милиони евра, а за утре се предвидени медицинските прегледи.

Балотели изрази желба да ја напушти Ница по несогласувањата со тренерот Патрик Виера, а бидејќи договорот со овој клуб му истекува по крајот на оваа сезона, двете страни спогодбено се согласија да ја прекинат соработката доколку  фудбалерот најде нова средина. За неговите услуги се интересираа Вест хем и Сасуоло, но очигледно на Балотели му одговара да остане во Франција.

Во зависност од неговиот придонес, Марсеј ќе може да ја продолжи соработката со Италијанецот по крајот на шампионатот.

- Оглас -

Најнови вести