Балотели на проба во Барселона дал 5 гола, но каталонците не го ангажирале

Марио Балотели пред неколку дена дебитираше за Монца во италијанската Серија А и после само пет минути даде гол, и покажа дека иако не играл повеќе од половина година, не го загубил чувството за гол. Балотели беше познат како многу талентиран, но и проблематичен фудбалер, а токму карактерот му уништил потпис за Барселона вп 2006 година.

За Балотели се врзуваат многу скандали, а откако даде гол за Монца, медиумите во Шпанија потсетија дека Бало во 2006 година, бил на проба во Барселона. Италијанецот минал неколку дена во „Ла Масија“ и на еден меч дал пет гола, воодушевувајќи ги скаутите. Но, имал само 16 години, не можел да ја сокрие својата најголема слабост, темпераментот, па во Барса решиле да не го задржат, бидејќи не сакале проблематично момче во соблекувалната.

- Оглас -

Најнови вести