Балотели: Не ги гледам мечевите на Италија, болно ми е, уште патам за поразот од Македонија

Контроверзниот италијански напаѓач, Марио Балотели (33), посакува да се врати во националниот тим на својата земја, но смета дека некој го блокира неговото враќање.

Некогашниот суперталент, а сега веќе ветеран, член е на турски Адана Демирспор, од 2018 година не игра за репрезентацијата на Италија (има 36 настапи и 14 гола), и пати поради тоа.

„Веќе не ги гледам мечевите на италијанската репрезентација, бидејќи сакам да бидам таму. Премногу ми е болно што не сум во тимот. Многу му должам на Роберто Манчини, но и тој ми должи на мене. Мечот Италија – Македонија ми предизвика најголема болка. Уште не сум опоравен од тоа патење. Не играв на тој меч, иако Манчини ми рече дека повикот ми е речиси загарантиран. Никој не ми се јави, ниту некој ми даде објаснување зошто не бев повикан. Можеби некои играчи или некој од федерацијата не ме сакаа во тимот. Но, никогаш нема да се откажам од Италија, би прифатил да бидам и на клупа, иако никој не може да направи разлика како мене, дури и ако  влезам од клупата“ – раскажува Балотели.

- Оглас -

Најнови вести