Балотели не издржа долго без скандал, полуде кога го извадија од игра (Видео)

Контроверзниот италијански фудбалер Марио Балотели, неодамна стана член на турскиот прволигаш Адана Демирспор, а на својот трети меч во дресот на овој клуб, почна да го покажува својот проблематичен карактер, поради кој не го сакаат во поголеми клубови. Темпераментот е пречката која го спречи Бало да направи поблескава кариера, со оглед на талентот кој го поседуваше.

Вчера на мечот помеѓу Адана и Коњаспор, Балотели беше повлечен од игра во 57-ма минута при резултат 0-0, и Италијанецот многу се налути, жестоко реагираше, и не можеше да се помири кога седна на клупата за резерви.

https://www.youtube.com/watch?v=yyMsUTyMGVU

- Оглас -

Најнови вести