Балотели сакал на тренинг, Бреша му ги затвори вратите

Марио Балотели утрово се појавил пред тренинг-комплексот на Бреша во 8:40 часот со намера да тренира, меѓутоа клубот му ги затвори вратите. По кратка расправија со еден од вработените, на Балотели не му дозволиле да истрча на теренот, па си заминал разбеснет.

На заминување Балотели им се обратил на присутните новинари: „Сега пишувајте дека не сакам да тренирам“.

Ваквиот коментар доаѓа по критиките на неколку медиуми кои тврдеа дека Балотели не се појавил на еден од тренинзите и по несогласувања со претседателот Челино, добил отказ.

И покрај отказот, Балотели имал загарантиран излез од клубот според клаузула поставена во договорот, да може да ја раскине соработката доколку Бреша претрпи елиминација во Серија Б, што е речиси сигурно да се случи откако сезоната во Серија А ќе продолжи.

 

- Оглас -

Најнови вести