Балотели сега е резерва, и веднаш тензии: за малку тепачка со тренерот (Видео)

Ангажманот на Русинот Артем Ѕјуба го загрози стартното место во Адана Демирспор на Марио Балотели, и тоа веднаш придонесе за конфликт кој сите го видоа. Малку фалеше на терен да се степаат Италијанците Балотели и Винченцо Монтела, кој е тренер на Адана.

Балотели играше во второто полувреме, а по завршувањето на мечот, му дофрли нешто на Монтела, покажуваше со прст кон него, по што Авиончето збесна и тргна да се тепа со сонародникот на кој му го одзеде местото во првите 11 на турскиот суперлигаш.

По повод инцидентот, се огласи и претседателот на клубот, Мурат Санџак.

„Ништо важно, не е како што изгледаше. Уживајте во победата. Ако има некој проблем, ќе го решиме“ – порача Санџак кој неодамна рече дека ќе го продаде Балотели ако некој за него плати 4 милиони евра.

Еве како изгледаше инцидентот:

- Оглас -

Најнови вести