Бањаја го освои Сан Марино и најави жестока борба за титулата во МотоГП

Франческо Бањаја ја освои трката „Мисано“ во големата награда на Сан Марино во рамките на Мото ГП шампионатот. Италијанскиот мотоциклист кој настапува за тимот на Дукати, имаше убелив викенд зад себе, стартуваше од првото и трката ја заврши на истото место, со тоа дополнително се доближи до лидерот Фабио Куартараро во генералниот пласман, и најави дека не очекува интересна завршница во овој шампионат.

Токму Куартараро заврши на позицијата под број два, додека пласманот на пијадесталот го комплетираше Енеа Бестианини.

Легендарниот Валентино Роси, за кого ова претставува практично домашна трка, заврши на 17. место. Во генералниот пласман, Бањаја со новите 25, сега има 186 поени, додека, пак, Куартераро е на бројката од 244.

Следната трка се вози за големата награда на САД, за два викенди, додека до крајот на сезоната се возат уште четири трки.

 

- Оглас -

Најнови вести