Барди: Азербејџан е физички силна селекција, но ние сакаме победа за крај на 2022 година

Заменик капитенот на Македонија Енис Барди посакува победа против Азербејџан за крај на 2022 година.

Утре од 14 часот ќе го играме последниот пријателски меч за оваа година, против Азербејџан во Скопје.

„Во фудбалот веќе нема фаворити, сите репрезентации напредуваат и не можете никого однапред да отпишете, или да запишете победа. Азербејџан е снажна репрезентација, физички одличмно подготвена и нема да ни биде лесно. Сепак сакаме со победа да ја завршиме годината и да најавиме добар квалификациски циклус во 2023 година“, изави Барди.

Утре ќе играме без Бојан Миовски кој е болен и без Џани Алиоски кој е ослободен од обврските од семејни причини.

- Оглас -

Најнови вести