Барди дебитираше за Трабзон во поразот од Копенхаген (видео)

Македонскиот репрезентативец Енис Барди дебитираше за Трабзонспор во поразот од Копенхаген со 2-1 во првиот меч од плејофот, во кој се води битка за пласман во Лигата на шампионите.

Нашиот играч за врска како резерва од клупата истрча на теренот во 58-мата минута, во моменти кога турскиот првак веќе беше во негатива од два погодоци.

Триумфот за Копенхаген го обезбедија Кларсон и Лерагер, додека Бакасетас во 79-тата минута ги постави конечните 2-1, неговиот гол дава надеж за Трабзон дека може да избори поволен резултат во реваншот и да се најде во групната фаза од ЛШ.

Голот за 2-1 на Бакасетас можете да го видите ТУКА.

Останати резултати:

Бодо/Глимт 1-0 Динамо Загреб, Ренџерс 2-2 ПСВ Ајндховен.

- Оглас -

Најнови вести