Барди демантира дека возачката му е фалсификат: Се е легално, документот е изваден во Македонија

Енис Барди се најде во непријатна ситуација при рутинска контрола на полицијата во Валенсија, а шпанските медиуми објавија дека е под истрага за загрозување на сообраќајот и за можен фалсификат на возачката дозвола.

На Енис привремено му бил одземен автомобилот „порше панамера“, а компликувано може да биде ако се утврди дека се работи за фалсификат на документот.

Еден од полицијаците утврдил дека на возачката дозвола недостасува потребната маркица, а Барди со соопштение демантира дека се работи за фалсификат и дека возачката дозвола издадена во Македонија е исправна.

„Возачката дозвола е валидна и е издадена од службите во мојата земја Македонија. Веднаш ја проследив целата документација до надлежните власти во Шпанија со цел да се разјасни ситуацијата. Тоа ќе го потврди и Министерството за внатрешни работи на Македонија“, објасни македонскиот репрезентативец.

Полицијата во Шпанија истакна дека Барди комплетно соработувал со нивните претставници при рутинската контрола.

 

- Оглас -

Најнови вести