Барди е повреден, Ангеловски е загрижен

Креаторот на играта на Леванте, Енис Барди, е повреден и затоа не настапи за Леванте против Алавес вчера, во мечот од седмото коло во шпанската Ла Лига. Не се знае за каква повреда станува збор, а македонскиот репрезентативец не беше ниту на поширокиот список во победата на Леванте од 2-1 против ривалот од Баскија.

Повредата на Барди го загрижува и македонскиот селектор Игор Ангеловски и сите во таборот на нашата репрезентација пред клучните октомвриски натпревари во Лигата на нациите.

На 13-ти октомври во Скопје ќе играме со Лихтенштајн, а три дена подоцна на распоред е одлучувачкиот дуел за првото место во нашата група, со Ерменија во Ереван.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести