Барди ги изненади сите, повторно се врати во Леванте (Видео)

Македонскиот репрезентативец Енис Барди имаше ненајавена посета кај неговиот поранешен клуб Леванте. Барди, кој сега ги брани боите на турскиот Трабзон, моментно е на одмор во Шпанија и не заборави да го посети клубот во кој помина пет сезони.

Барди го носеше дресот на Леванте од јули 2018 до јуни 2022 година и помина пет сезони во овој клуб. Барди за Леванте одигра 162 меча, во кои постигна 24 погодоци.

Од Леванте се пофалија дека Барди им бил на гости, а реакцијата е „Какво изненадување“.

https://twitter.com/i/status/1595383820706004992

- Оглас -

Најнови вести