Црногорскиот кошаркарски тим Будуќност треба да игра против екипата на Дубаи во плејофот на АБА-лигата. Сепак, постои проблем откако тимот од Подгорица испрати официјален допис дека донеле одлука да не патуваат во Дубаи поради загрозена безбедност.
„По состанокот со тимот и тренерскиот штаб, беше организирана седница на Управниот одбор на КК Будуќност, на која беше донесена едногласна одлука тимот да не патува во Дубаи. Искрено жалиме што Дубаи не е во можност да го одигра најважниот дел од сезоната и евентуално да ја заврши пред своите навивачи и на свој стадион и искрено се надеваме дека воените настани во регионот од којшто доаѓа нашиот член на лигата ќе престанат што е можно поскоро“, стои во соопштеннието на Будуќност.
Според распоредот, плејоф-серијата во АБА-лигата меѓу Будуќност и Дубаи треба да започне на 20 мај.

