Славниот германски клуб не доби лиценца и е исфрлен во четврта лига

Еден од најпознатите германски клубови, Минхен 1860, се соочува со тежок удар откако не доби лиценца за настап во Третата германска лига за следната сезона. Минхен 1860 заврши на сигурното деветто место во сезоната што измина, но откако не успеа да ги обезбеди потребните 2,7 милиони евра за настап во тоа натпреварување и да ја затвори финансиската конструкција, клубот административно беше префрлен во четвртата Регионална лига.

Ова е голем удар за клубот кој некогаш беше првак на Германија. За настап во Регионалната лига потребна е финансиска конструкција од еден милион евра, а ако Минхен 1860 и тоа не успее да го обезбеди, може да се случи ушто поголемо тонење на некогашниот славен германски клуб.

- Оглас -

Најнови вести