Кошаркарскиот клуб Валенсија му нуди 500 илјади евра плата на Ненад Димитриjевиќ за преселба од Хувентуд во редовите на популарните Лилјаци, а фудбалскиот клуб го мерка Енис Барди како летно засилување.
Димитриеjвиќ како што објавија локалните медиуми од Валенсија веќе ја прифатил понудата на Валенсија, а од трансферот би заработил и Хувентуд и тоа сума од 300 илјади евра.
Планот е Нено да оди на позајмица во друг клуб веднаш по трансферот во Валенсија, а потоа од сезоната 2021/22 да го носи дресот на Лилјаците.
За Барди Валенсија треба да плати многу поголема сума, која се движи околу 25 милиони евра, но трансферот не е невозможен. Енис одигра три импресивни сезони за Леванте, клуб кој му плати на Ујпешт само 1.3 милиони евра за македонскиот репрезентативец, а сега може да заработи многу повеќе.
Леванте според информациите од шпанските медиуми има понуда и од Арсенал, а голема е веројатноста дека Барди ќе ја смени средината веќе ова лето.