Барди и Меси се гаранција за брз гол на „Сиудад де Валенсија“

Недела вообичаено нуди богата програма на натпревари ширум планетата, а нашиот избор за денеска се три дуели во Премиерлигата и два од шпанската Ла Лига.

 

Севилја – Жирона (12 часот)

Точно на пладне е новиот дуел, четврти во Ла Лига меѓу двата клуба, а фаворит е сезонава извонредната екипа на Севилја. Тимот од Андалузија одлично гази на сите фронтови, во Ла Лига се на четвртото место, но повторно со победа ќе стасаат на делба најмалку на втората позиција со Атлетико Мадрид.

Сите досегашни меѓусебни дуели завршувале со резултат 1:0 за Севилја, но ова е поинаква приказна. Ќе има интересна пресметка на одлични напаѓачи во двата состави. Уругваецот Кристијан Стуани игра како препороден сезонава за Жирона и со 11 погодоци е на делба на првото место на листата со најдобри стрелци во Ла Лига.

Од другата страна е расположеното и ефикасно трио Бен Једер, Силва и Сарабија со заеднички ефект од 20 голови на 15 натпревари на Севилја во Ла Лига. Тоа ветува дека традицијата од 0-1 гол на дуелите меѓу Севилја и Жирона ќе биде прекината денеска.

Предлог тип: T1 1+I & Т1 2+ (2.00) Квота на денот

 

Саутемптон – Арсенал (14.30 часот)

Раководството на Саутемптон направи одлична работа со ангажман на Ралф Хазенхитл, но Австриецот нема да има лесна задача да го извлече во помирни води бродот на „светците“. Немаат победа на домашен терен од април, што значи во оваа сезона се уште не го вкусиле шармот на триумфот на Сент Мерис. И во лош момент за нив им доаѓа разиграната ескадрила на „топчиите“.

Гостите имаат неверојатна серија од 22 меча без пораз во сите натпреварувања, имаат реми и две победи на последните три гостувања кај Саутемптон, па и денеска се големи фаворити за освојување на бодовите.

Предлог тип: 2-2&ГГ (5.10)

 

Брајтон – Челзи (14.30 часот)

Брајтон игра одлично на домашен терен во Премиерлигата и нема пораз од септемврискиот дуел со Тотенхем. Денеска се пред нов голем предизвик против уште еден гостин од Лондон. Челзи е фаворит, но ќе има тешка задача да го скрши отпорот на жилавиот противник.

Брајтон има добри напаѓачи, Глен Мари веќе постигна 8 гола и е во топ-10 стрелци во Премиерлигата по 16. кола, тука се и Андоне, Марч, Пропер… што е мошне солидна офанзивна подлога за нов подвиг.

Челзи ќе се потпре пред се на Еден Азар и од него зависат многу работи кај тимот од Лондон. На последното гостување кај Брајтон, Белгиецот одигра извонреден меч и постигна два гола во победата на Челзи од 4:0.

Предлог тип: ГГ (2.05)

 

Ливерпул – Манчестер јунајтед (17 часот)

Големото англиско дерби на двете најтрофејни екипи на Островот секогаш има посебен шмек. како што е најавено никогаш досега Ливерпул не бил поголем фаворит за победа, а коефициентот од 1.63 не бил никогаш помал за триумф на „Црвените од Енфилд“.

Манчестер јунајтед не смее да си дозволи пораз, бидејќи веќе заостанува за 8 бодови зад екипите кои се на позиции што гарантираат настап во Лигата на шампионите следната сезона.

Жозе Мурињо ги сака ваквите мечеви со ореолот големо дерби, но сепак Ливерпул е поквалитетен во моментов и е во подобра ситуација од „црвените ѓаволи“.

Предлог тип: 1Х&ГГ (2.15) Квота на денот

 

Леванте – Барселона (20.45 часот)

Дуелот на двајцата велемајстори за слободни удари Енис Барди и Лионел Меси со посебно внимание беше најавен и ќе се следи вечерва на дуелот во Валенсија.

Лани токму Барди одигра извонреден меч против Барса, постигна два гола во меч што ќе се памети и заврши со победа на Леванте од 5:4. Меси тогаш не играше, а Леванте го порази гигантот по 400 дена импресивен серијал без неуспех на Каталонците.

Вечерва Меси ќе игра, а Барселона е голем фаворит. Леванте има одличен напад и солиден среден ред, но одбраната е послабиот дел од тимот, па се очекува голови на двете страни. И секако со нетрпение ќе се очекуваат длободните удари на Барди и на Меси.

Предлог тип: 2&0-29 (1.85)

 

- Оглас -

Најнови вести