Барди предвреме знаеше: Неговото додавање го запечати Валјадолид (видео)

Македонскиот репрезентативец учествуваше во новиот триумф на Леванте во шпанската Ла Лига, со асистенција за вториот погодок. Екипата од Валенсија го совлада Валјадолид со 2-0, а за новите три бода да бидат осигурани се погрижи токму нашиот Барди.

„Десетката на Леванте“ овој меч го започна од клупа, но успеа да го смени резултатот откако влезе во 78-та минута на местото на Мајорал. Се играше третата минута од судоското надополнување, кога домаќините започнаа ветувачка акција во која главната улога  ја имаше Барди. Проигрувањето до Моралес беше успешно, иако фудбалерот на Леванте од втор обид ја стресе мрежата, Барди знаеше дека ќе биде гол.

https://www.youtube.com/watch?v=KlMAv1R22RU

- Оглас -

Најнови вести