Барди со еврогол ја најави победата на Леванте, Алиоски се радуваше кај Њукасл

По двомесечна пауза Енис Барди неодамна се врати на теренот, а вечерва како стартер за Леванте постигна и гол во победата на гостувањето кај Валјадолид во Купот на Шпанија. Барди постигна одличен гол од слободен удар во 23-тата минута, кога израмни на 1:1 и беше најава за пресврт.

Македонскиот репрезентативец играше до 55-тата минута, кога Леванте водеше со 2:1, а на крајот гостите победија со 4:2 и се пласираа во следната фаза од Купот. Погодокот на Барди може да го видите ТУКА.

Во исто време кога се играше овој меч од Купот на Шпанија, во Англија играше друг македонски репрезентативец. Езџан Алиоски со својот Лидс се радуваше на три бода на гостувањето кај Њукасл.

Популарниот Џани го одигра целиот меч, а на крајот Лидс славеше со 2:1. Со овие три бода, Лидс сега стигна до 26, доволно да се искачи на12-тото место на табелата.

- Оглас -

Најнови вести