Барди со Леванте првпат загуби во премиерното коло во Ла Лига

Леванте загуби на гостувањето кај Алавес со минимални 1-0 во првото коло од Ла Лига. Македонскиот репрезентативец Енис Барди од првата минута се најде на теренот, но не успеа да придонесе за својот тим да ја отвори сезоната како што посакуваше.

За Барди ова е трета сезона во шпанското првенство, а првпат претрпи пораз на стартот од сезоната. Во сезоната 2016/17, Леванте отвори со триумф над Вилјареал со 1-0, а лани гостуваа во Андалузија, каде што на Бетис му нанесоа дебакл од 3-0.

За првото разочарување на Барди, најголем виновник беше Хоселу, кој го реализираше победничкиот гол за Алавес во 54-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести