Барди: Убаво е кога си на врвот со репрезентацијата, време е Леванте пак да победува

За мене настапите за македонската репрезентација се мошне важни, убаво е кога ќе пристигнеш во својот клуб во победничко расположение, но сега е време Леванте да се врати на победничките патеки, вели Енис Барди.

За клупската интернет-страница на Леванте, Барди вели дека со Македонија е на добар пат да игра на Европското првенство во 2020 година, но и дека не треба да има опуштање бидејќи целта сè уште не е постигната.

„Се радувам што победивме кога имавме императив, но рано е за некакво славење. Имаме уште два меча до историски пласман на ЕП, во репрезентацијата играат квалитетни фудбалери и имаме сè што ни треба да ја оствариме целта. Сега сум посветен на Леванте и верувам дека ќе успееме да се вратиме на победничките патеки“, додаде македонскиот репрезентативец.

Тој продолжува со одличните игри и за Македонија и за шпанскиот клуб и добива сè повеќе комплименти. Неговите слободни удари полека, но сигурно стануваат заштитен знак во Ла Лига, а Леванте е на одличната осма позиција во најсилната лига на светот.

Утре, Барди и неговите соиграчи ќе ѝ гостуваат на последнопласираната Уеска, што е шанса за нови бодови и пробив на табелата во Ла Лига.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести