Баркли го спаси Челзи од пораз во 96-та минута

Рос Баркли го спаси Челзи од пораз пред своја публика против Манчестер јунајтед, дербито на „Стемфорд бриџ“ заврши со реми од 2-2. Ентони Марсијал беше човекот од одлука за избраниците на Жозе Мурињо, кој со два гола во вториот дел направи комплетен пресврт по негативата од еден гол во првото полувреме, додека „сините“ успеаја да израмнат во последната минута од судиското надополнување.

Водство за „сините“ донесе Антониот Ридигер во 21-та минута, Челзи го искористи првиот нивен корнер на средбата за да постигнат погодок. Иако фудбалерите на Сари ја имаа иницијативата во првите 45 минути, Јунајтед во вториот дел со обновени сили успеа да се избори за пресврт во своја корист.

Марсијал прво беше прецизен во 55-та минута, откако ја искористи мешаницата пред голот на Кепа, а за пресврт погоди во 73-тата минута по еден контранапад на гостите. Во 96-тата минута Баркли беше најбрз пред голот на Де Хеа и ја смести топката во мрежата за конечни 2-2.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести