Баркли се сомнева во новата велесила: Најважна им е статистиката

Чарлс Баркли, еден од најдобрите кошаркари во историјата на НБА кој не се закитил со шампионски прстен, се сомнева во хемијата на новата велесила во лигата.

Доаѓањето на Џејмс Харден во Бруклин нетс не мора да значи дека екипата ќе реди добри резултати, односно дека лесно ќе ја оствари целта да се искачи на врвот во НБА. Причина што Баркли смета дека Харден и Ирвинг ќе бидат себични со цел да ја полнат својата статистика, додека само Дурант ќе работи во корист на тимот.

„Досега не сум ги видел Харден и Ирвинг да не бидат себични, нив само статистиката им е важна. Дурант е единствен кој не мисли само на себе, туку работи за екипата. Не гледам сценарио во кое Харден или Ирвинг ќе се жртвуваат за екипата“, посочи Баркли.

Легендата на Нетс не е единствена со вакво размислување. Неодамна и нашиот миленик Бо Мекејлеб се огласи на социјалните мрежи, прашувајќи кој од тројцата мајстори ќе го земе последниот шут за победа во Бруклин.

- Оглас -

Најнови вести